АНДРЕЈ СТОЈАНОВСКИ НА ММА НАТПРЕВАР ВО ГОРЊИ МИЛАНОВАЦ – СРБИЈА

Младиот и надежен кумановчанец Андреј Стојановски кој има само 21 година и неколку победи зад себе оди на натпревар во ММА во Горњи Милановац, Р. Србија кој ќе се одржи на 20-ти Март. Негов противник е Миљан Здравковиќ, кој доаѓа од „Секутор“ еден од подобрите клубови во Р. Србија

Во спортските води влегува 2015 год. за да 1 година подоцна стане дел од клубот „Стронгест ММА“ – Куманово каде започнува да ниже успеси.

Зад себе има неколку постигнати успеси и тоа 4 пати е прогласен за државен првак во бразилска Џиу Џица, аматерски државен шампион во ММА со 4 победи без пораз и 2 борби во бокс во нашата држава. Досега има 2 борби во Р.Србија од кои една победа на меѓународен натпревар во ММА во Бујановец. Се надеваме дека и на овој натпревар ќе се врати со успех.

Тимот на Стронгест ММА – Куманово продолжува со својата заложба активно вклучување на младите во спортскиот живот и оттргнување од пороците на современиот начин на живеење. Од таа причина уписот на нови членови е отворен во текот на целата година.

fb: https://www.facebook.com/level.centar.kumanovo

instagram: https://www.instagram.com/level_online.classroom/