ДАЛИ ГО ЗНАЕТЕ ТАЈНИОТ ЗАЧИН НА ГЕРМАНСКИТЕ КОЛБАСИ? (BRATWURST)

Учите германски јазик, но дали ја знаете тајната состојка во германските колбаси? Освен специфичниот сооднос на телешкото и свинското месо германците во познатите германски колбаси (Bratwurst) додаваат и еден зачин кој што и кај нас е познат меѓутоа нема толкава застапеност или нема воопшто во подготовката на колбасите. Се разбира секоја земја, секое место, град си има свој специфичен начин. Почнувајќи од подготовката на месото, начинот на приготвување до зачините и финалната подготовка секој колбас говори сам за себе. Ја чува својата приказна и тајна.

Тајната кај германскиот колбас е морското оревче кое покрај ѓумбирот се додава за специфичниот вкус на колбасите. Сигурно доколку сте пробале германски колбаси сте забележале дека имаат интересен но и вам познат вкус. Сега ја знаете и тајната на германските колбаси. Доколку приготвувате дома еве ви еден рецепт:

5 кг. телешко месо

4 кг. чист свински бут

2.5 кг. свинска сланина

2 шољи шлаг пена и 4 изматени јајца

100гр. морска сол

12 гр. бел бибер (доколку немате можете да користите и црн бибер иако се разликува по вкус и е малку по лут)

10 гр. ѓумбир во прав и

10 гр. морско оревче.

Начин на приготовка е следниот. Месото се сецка на ситни коцки заедно со сланината. Се додаваат зачините и се меша добро. Се става во комора додека да добие цврстина. Се вади месото и се меле на најситната решетка на машина за мелење на месо. Потоа се става во поголем сад (доколку имате индустриски миксер во садот од миксерот) и се меша со шлагот и јајцата се додека не се соедини смесата. Се става во црева и готовите колбаси се оставаат да отстојат 12часа.

Ова е само еден рецепт за правење на познатите свежи германски колбаси. Се разбира рецептите се разликуваат од област до област од додавање на пиво, лук, црвен пипер и други зачини. Сепак морското оревче е присутво во сите. Ваше е да пробате се разбира со секоја наредна подготовка вкусот се подобрува. Убав апетит.