ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО Е ФРАНКОФОНИЈА?

ФРАНКОФОНИЈА е Меѓународна организација која се однесува на луѓе на кои заеднички јазик им е францускиот. Најновиот извештај, објавен во 2018 година, го проценува нивниот број на околу 300 милиони говорници, распространети на пет континенти во светот и 900 000 професори по француски јазик. Според статистиките 60% од франкофоните се помлади од 30год. Франкофонијата брои 13% од светската популација, а францускиот јазик е вториот официјален јазик во Европската унија.

Тоа е институционален механизам посветен на промовирање на францускиот јазик и спроведување на политичка, образовна, економска и културна соработка во рамките на 88 држави и влади на Меѓународната организација на франкофонијата (ОИФ).

Овој систем е поставен со Повелбата за ФРАНКОФОНИЈА, усвоена во 1997 година.  Нејзин највисок орган е Советот на Франкофонијата, а нејзин темел Генералниот секретар на Франкофонијата, позиција што во моментот ја води Луиз Мушикивабо.

Мисиите на Франкофонијата се:

  • Промовирање на францускиот јазик како и културната и јазичната разновидност
  • Промовирање мир, демократија и човекови права
  • Поддршка за образование, обука, високо образование и истражување
  • Развивање на економска соработка за одржлив развој

Франкофонијата е основана на 20 март 1970 година, на конференцијата Ниамеј во Нигер, со создавање на Агенцијата за културна и техничка соработка, која стана Меѓународна организација на франкофонијата во 2005 година. Терминот „Франкофонија“ бил измислен од францускиот есеист Онесиме Реклус околу 1880 година за да ги опише географските области во кои се зборува францускиот јазик.

Доколку сакате да го изучувате францускиот јазик обратете се во нашите ЕДУКО ЦЕНТРИ:

МЕРИЛЕНД ЦЕНТАР СКОПЈЕ

071/351-473

https://www.facebook.com/merrylandlanguageschool

ЛЕВЕЛ ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР

https://www.facebook.com/level.educo.centar