ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО АНГЛИЈА

Знаете веќе дека Англија е дел од Соединетото Кралство (UK – United Kingdom) заедно со Велс, Шкотска и Северна Ирска. Главен град на Англија и на Соединетото Кралство е Лондон. Англија е кралство со кое владее кралицата, а патрон празник на Англија е Свети Ѓорѓија (Saint George). Започнува да се слави во 18тиот век (1707год. кога Англија се обединува со Шкотска), а се одбележува на 23ти Април, кога умира Св. Ѓорѓија.

Знамето на Англија го содржи црвениот крст на Свети Ѓорѓија и заедно со знамињата на Шкотска и Ирска го сочинува знамето на Соединетото Кралство. Симбол на Англија е црвената роза. Англичаните се познати по своите градини. Насекаде во Англија можете да видите градини со прекрасни грмушки со рози, но и домашни миленичиња, особено мачиња и кучиња.

Освен англискиот фудбал во Англија национален спорт е и крикет, меѓутоа не е толку популарен во Велс, Шкотска и Ирска. Натпреварот може да трае и по неколку дена без да има победник на крајот.

Двата најстари и најпознати и најстари универзитети во Англија се наоѓаат во Оксфорд и Кембриџ.

Англија има многу познати поети како што се Роберт Фрост, Силвија Плат но и вам добро познатиот Шекспир со неговото дело Ромео и Јулија. Шекспир е познат не само како поет, туку и како и како драматург но и актер во неговите дела. Често го нарекуваат и англискиот национален поет.

Кога станува збор за јадење, англичаните се познати по својот појадок. За нив тоа е најважниот оброк во текот на денот и поради тоа е доста богат и калоричен. Содржи сланина, јајца, колбаси, домат, печурки и за нас невообичaено грав. Исто така познато традиционално јадење во Англија е “овчарска пита“, печени колбаси со пире, риба и пржени компирчиња, а како неделен ручек печено месо со зеленчук.

Ова беа неколку интересни информации за Англија. И завршуваме со една изрека од Шекспир.

  • “ Пријател е оној што те познава како самиот себе, разбира каде си бил, прифаќа што си станал и сеуште ти дозволува да пораснеш.“

fb: https://www.facebook.com/level.centar.kumanovo