ЗОШТО ДА УЧИМЕ СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ?

Една од главните причини зошто да учиме уште еден јазик е тоа што луѓето кои зборуваат повеќе од еден јазик ја имаат подобрено МЕМОРИЈАТА, имаат подобри способности да го слушаат соговорникот, а во исто време им се зголемува и КОНЦЕНТРАЦИЈАТА.

Во продолжение уште неколку причини:

  • Можност за напредување во кариерата. Во последно време една од главните причини за изучување на некој од странските јазици е можноста да се најде добро работно место или да се напредува во кариерата. Можноста за подобра заработувачка и подобри животни услови која ја нудат светските јазици како што се АНГЛИСКИОТ и ГЕРМАНСКИОТ јазик е непроценлива.
  • Со изучување на некој јазик ние се запознаваме и со историјата, традицијата и културата на другите народи.
  • Патувањата во земјите чиј јазик го познаваме за нас стануваат поубави, попријатни и по возбудливи. Едноставно светот го гледаме со други очи.
  • Ни се зголемува самодовербата.
  • Зголемени перспективи

Доколку не сте се одлучиле сеуште време е да го сторите тоа.

ПРОМЕНЕТЕ ГО ПОГЛЕДОТ НА ЖИВОТОТ И НА СВЕТОТ.

facebook: https://www.facebook.com/level.centar.kumanovo/