Еден од многу битните ритуали во Англија е пиењето чај во попладневните часови. Овој ритуал започнува во четириесетите години на 19 век. Започнува како закуска која ќе ве засити помеѓу ручекот и вечерата која е околу 20ч. Чајот вообичаено е пропратен со мини ладни сендвичиња исечени на помали парчиња кои ќе ве заситат.
И во целата оваа приказна многу важен е англискиот чај. А како да го подготвите?
Најпрво треба да зовриете вода. За разлика од кај нас каде чајот и водата ги ставаме во исто време англичаните прво ја зовриваат водата и во чајник ставаат кесички чај и ги поливаат со зовриена вода. Сметаат дека чајот не треба да се остави да врие во водата. Го оставате чајот околу 5 минути а после тоа ставаат во филџан половина чај половина млеко.
Доколку сакате да имате чај со појак вкус го оставате повеќе да стои во зовриената вода и ставате повеќе чај. Додавате шеќер по желба. Кај нас веќе испробано. Користиме чај од мента (или домашен чај од диво нане).
А зошто започнале англичаните да додаваат млеко во чајот. Од едноставна причина. Во 17 и 18 век кинескиот порцелан пукал од топлината на чајот. Се смета дека од таа причина започнале да ставаат млеко за да ја разлади течноста. Дури и сега во некои делови на Англија луѓето ставаат прво млеко за да ја намалат топлината на чајот.
Ви посакуваме пријатно време за чај и одмор. Барем секој може да си оддели 1 час од денот за уживање. Време посветено за себе и за најмилите.
Пишува едукатор во Левел Онлајн Центар за странски јазици
фб: https://www.facebook.com/level.centar.kumanovo/