ЗОШТО СЕ ПРАЗНУВА ХАЛОУВИН (Halloween) ?

Халовин се празнува на 31-ви Октомври и го означува крајот на летото и на жетвата. Почетоците на прославата на овој празник датираат од пред 2000 год и се поврзани со празнувањето на Келтскиот празник Саувин (Samhin). Се празнувал во пределите каде денеска се наоѓа Ирска, Соединетото Кралство и северна Франција. На почетокот ја прославувале нивната Нова година на 1-ви Ноември и почетокот на темната, студена зима. Верувале дека дека ноќта пред Нова година границата помеѓу светот на живоите и мртвите станува нејасна и духовите се враќаат на земјата. Прославата започнувала со палење на логорски огин и облекување на костуми за да ги исплашат духовите.

Во 8-миот век папата Григориј III, го прогласил 1ви Ноември за празник на сите светци, а вечерта пред први се празнувала како вечер на сите светци (All Hallows eve). И од тука и доаѓа зборот Халовин (Halloween). Празникот со тек на годините го менувал начинот на празнувањето и денеска после Божик е еден од празниците на кој католиците трошат најмногу пари. Пари за костими, како и за украсување и купување на слатки. Се смета дека 1/4 од продадените слатки на годишно ниво во Америка се продаваат токму за овој празник.

instagram : https://www.instagram.com/level_online.classroom/

facebook page: https://www.facebook.com/level.centar.kumanovo