ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК И ГЕРМАНИЈА

Доколку се размислувате дали да учите германски јазик еве неколку интересни факти за германскиот јазик и за Германија.

Дали знаевте дека германскиот јазик е третиот најраспространет јазик во светот. Се зборува во Германија, Швајцарија, Австрија, Луксембург и Линхтенштајн. Во овие земји германскиот е официјален јазик.

Најдолгиот германски збор има 79 букви (Donaudampfschifffahrtselektrizitätenhauptbetriebswerkbauunterbeamtengesellschaft).

Германскиот јазик има 35 дијалекти.

Германците се познати по производство на пиво и има повеќе од 1500 видови на пива. Најпознатиот фестивал на пиво се одржува токму во Германија во градот Минхен а се вика Октобарфест (Oktoberfest). На фестивалот се служи пиво во кригли од 1л.

Исто така Германија е позната по производство на колбаси и произведува околу 1000 видови на колбаси, а дури 300 различни видови на леб.

Интересен е и фактот што Берлин, главниот град на Германија има повеќе мостови од Венеција.

ЕДУКО ЦЕНТРИ ФБ:https://www.facebook.com/educo.centre.macedonia

ЛЕВЕЛ ЕДУКО ЦЕНТАР 

ФБ:https://www.facebook.com/level.educo.centar https://www.instagram.com/level_online.classroom/ 078 36 36 33