ИСТОРИЈА НА ОНЛАЈН НАСТАВАТА

“Online” наставата, или наставата од далечина не е ништо ново и непознато.

Почетоците на интернетот датираат од далечната 1969год. и започнува за воени цели. Интернет почнува да се нарекува во осумдесетите години, додека својата експанзија ја доживува во средината на 90тите години.

Почетоците на онлајн едукацијата започнува во 1960 на универзитетот во Илиноис, каде градат систем на вмрежени компјутерски терминали преку кои студентите можеле да имаат пристап до снимени аудио лекции и материјали. Инаку универзитетот е еден од најстарите државни универзитети формиран во 1857год. Оваа нивна идеја еволуира во ПЛАТО (Програмирана логика за автоматска настава). И на база на ПЛАТО почетоците се креирани многу концепти за денешните социјални мрежи и медиуми.

Првата масивна едукациска игра “Lemonade stand” била пуштена во 1979 год. за “Apple II”. Со оваа игра започнува идејата за учење преку компјутери, или попросто идејата за учење во виртуелна средина.

Во 2002 год. МИТ (Massachusetts Institute of Technology – USA) започнува со проект (“Open Course Ware Project”) преку кој програмата и едукацијата на учениците станува достапна преку интернет. Тоа е всушност и првиот голем подем на онлајн наставата која станува достапна низ целиот свет.

Од 2014 год. многу универзитети започнуваат со воведување на онлајн настава како замена на традиционалниот начин на предавање. Со тоа многу од факултетските студиски програми станаа подостапни за студентите низ целиот свет. Најголемата разлика од тогаш до денес во светски рамки е во перцепцијатаа за поимот настава од далечина или учење од дома. Повеќе не е случај само кога студентите/учениците неможат да изберат традиционална настава.

Онлајн наставата е остварлив и прифатлив начин на едукација, кој завзема се поголем замав на глобално ниво.

logo level