Во Англија во последно време традиционалниот неделен ручек со печено месо е заменет со „Кари“. Има неколку начини како за вашиот неделен ручек да го приготвите ова јадење. Ние избравме „Пилешко кари“.
Потребни ви се пилешки стек (500гр. – порција за двајца), масло за готвење (1/4 филџан), 1 главичка кромид, лук, 2 пиперки, 1 домат, 2 лажички кари, половина лажичка мајчина душичка, половина лажичка сол (или по ваш вкус) и 1 чаша вода.
Приготвување:
На пониска температура во загреаното масло ги додавате кромидот, лукот, пиперката и доматот. Се пропржуваат на потивок огин околу 5/6 минути. Кога кромидот ќе добие златна боја се додава пилешкото месо исецкано на ситни парциња (околу 2см.) и се пропржува уште околу 5мин. Го додавате кари зачинот, мајчината душичка, солта и кога смесата ќе се измеша убаво додавате вода. Оставате сето тоа да се динста околу 30мин. По потреба додавате вода.
Ова е само еден од рецептите за приготвување на ова познато јадење. Во денешно време се користи и супа како основа за сосот, а се додава и хопла (или брашно) за згуснување. Некои од рецептите користат и ѓумбир и конзервирани домати наместо свеж домат. Секој од рецептите дозволува внесување на умешност, вкус и искуство..
Пријатен неделен ручек. Уживајте во вашето „Кари“ со најблиските.
подготви Левел Едукативен Центар
facebook: https://www.facebook.com/level.centar.kumanovo
instagram: https://www.instagram.com/level_online.classroom/