ЛЕВЕЛ ЦЕНТАР Куманово и МЕРИЛЕНД Скопје СТАНАА ДЕЛ ОД ЕДУКО ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА

По едногодишна работа за усогласување на програмите за работа и дополнителните материјали, како и сите останати услови за да се стане дел од меѓународното семејство на ЕДУКО Центрите, МЕРИЛЕНД Скопје и ЛЕВЕЛ Куманово од денеска ќе го носат знакот за ЕДУКО ЦЕНТАР (EDUCO CENTRE) и стануваат дел во оваа групација.

ЕДУКО Центрите поради пандемијата училишната година ќе ја завршат со “online” настава, меѓутоа од септември доколку дозволат условите ќе следува брендирање и опремување на училници по Едуко стандарди, како и запазување на сите услови и прописи за работа и нормално функционирање по највисоки меѓународни стандарди.

Целта на центрите е да се добие квалитетно образование кое ќе ги задоволува сите норми предвидени за познавање на странски јазици и стекнување на соодветен сертификат. Во тек на месец април веќе има најава за проширување на Групацијата ЕДУКО Центри со неколку јазични центри од Македонија.

Целта е да се понуди подобро и поквалитетно образование на деца и возрасни. Едуко Македонија започнува со понуда на обуки за јазици кои ќе се извршуваат во партнерските училишта низ Македонија. До крајот на годината по пример на останатите центри оваа понуда ќе биде проширена и збогатена со повеќе содржини и програми.