ЛОНДОНСКО ОКО

Лондонското око (London Еye) е изградено во 1999 на реката Темза. Изградбата започнала во 1998 год. Познато е и како милениумско тркало бидејќи било изградено во чест на новиот милениум, а пуштено е во употреба на 31-ви декември 1999 од премиерот Тони Блер, иако јавноста морала да чека за првото возење до март 2000 год. Високо е 135м, а има дијаметар од 120м. и е една од најголемите туристички атракции во Лондон со над 3 милиони посетители на годишно ниво. Сместено е во срцето на Лондон, каде што е најголемата туристичка посетеност, веднаш спроти Биг бен.

Од Лондонското око може да се видат повеќето знаменитости во Лондон. За да завртите 1 круг во една од кабините на Лондонското око потребни ви се 30 минути. Во една кабина (капсула) може да се возат најмногу 25 луѓе. Има 32 кабини, меѓутоа нумерирани се од 1 до 33 (без број 13). Бројот 32 доаѓа од бројот на општините во градот Лондон.

https://www.facebook.com/level.centar.kumanovo/