НОВАТА ЉУБОВ НА МАРТИНА ЈАКИМОВСКА

Мартина Јакимовска е родена во 2002 година во Куманово.

Ученичка е во СОУ ГИМНАЗИЈА ,,Гоце Делчев”-Куманово.

Љубовта спрема поезијата е новооткриена, па така пишувањето на литературни творби започнува во нејзината последна година од средношколскиот живот.

Дали можеби пандемијата беше поттик за нејзините први чекори, или пак вирусот наречен љубов?

Во продолжение една од нејзините творби, на вас оставаме сами да донесете заклучок што ја инспирира Мартина.

„Очи“

Со погледот ме милуваше,

како да ме допираш чинам

по тело свое цело,

и косата ко поулавена се лелеше,

ко ветер во неа да ми удираше

од исток и запад,

до север и југ,

та ми ја расфрла на страна секоја.

И секогаш како прв пат,

како прв пат,

а којзнае кој во низа беше.

Со зборови твои мечти сплетов,

та ги носам и денес

ко плетенка в коса милувана,

а некогаш толку поулавена,

денес само една трупа,

на глава моја останала.

Брзав секогаш при средба со тебе,

небаре некој пат чинев

ко од магла и ветер да се спуштам,

само во тој свет да се втурнам,

што око твое најубаво го имаше.

Гледав некоја железница огромна,

што ги спојуваше сите нешта,

што и за неспојување беа,

ко сложувалка со делови свои изгубени.

Возови што никогаш никаде не доцнеа,

брзајќи низ мостови,

падини и удолнини,

секогаш на време,

утре мостот да не се урне,

низ падината трње да останат,

та да ја снема сета убавина,

удолнината да не стане езеро ноќe

од дождови поројни.

Конци насекаде, во секоја боја,

и секој врзан

од око твое до погледот мој,

од твоја љубов до срцето мое.

И блажено беше што доцнев,

да стигнам до погледот твој,

возот да не ми избега,

конец некој да не ми пукне

ко час доцен,

та да не ми се скине.

Искри летаа од сето она неспоивото

коешто споено беше,

та оган и вода видов,

та ангел и ѓавол вљубени,

и небото на земја се спушти

и замисли се љубеа тие.

Се удирав во нив од немоќта своја,

што не можев да му покажам на светот

каква перцепција гледам во нив.

Себеси со поулавена жилавост се гледав,

небаре срна сум,

спремна за секој нареден ден,

спремна за потскок,

спремна за жилавост до небо.

и, како Боже можев сето тоа да го гледам,

додека в око негово гледам?

фб: https://www.facebook.com/level.centar.kumanovo