ПРЕДНОСТИ НА ОНЛАЈН ЕДУКАЦИЈАTA

Во последно време се поставува прашањето дали учениците подобро ќе можат да го совладаат материјалот со физичко присуство или со настава на далечина? Безброј пршања, безброј размислувања но сепак одговори нема. Од многу причини. Како и новиот Ковид вирус и онлајн учењето е ново кај нас. Ново на овие балкански простори каде освен она од кое некој има личен интерес се останато тешко се прифаќа. И тоа од причина што е не доволно медиумски покриено и недоволно објаснето.

Сепак ајде да размислиме што ни е најважно во животот ???

Се разбира НАШЕТО ЗДРАВЈЕ и ЗДРАВЈЕТО на нашите најблиски. Тука НЕМА КОМПРОМИС. Тогаш зошто да размислуваме повеќе околу тоа? Зошто да губиме време и енергија? Да се посветиме на она што вирусот не може да ни го земе, онлајн наставата. Учењето од дома. А со тоа не можеме да им наштетиме на нашите најблиски. Најбитно е да се искористи преостанатото време за ПОДГОТОВКА и подобрување на ОНЛАЈН НАСТАВАТА.

ОНА ШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ПРОМЕНИМЕ, МОРА ДА ГО ПРИФАТИМЕ.

КОЛКУ ПОРАНО ТОЛКУ ПОДОБРО.

Постојат многу размислувања околу вирусот. Прво дали навистина постои, а понатаму и дали е добиен по вештачки пат или настанат по природен пат. Не мора многу да навлегуваме во тоа. Сепак медицинските лица се стручни во таа област. Едноставно прашање. Дали некогаш сте прележале пневмонија ? Ако не сте не ги знаете симптомите и знаците. Старите велат: “Оној кој се изгорел од жешко млеко дува и на јогурт.” Или онаа популарната наша: “Подобро да се спречи отколку лечи.”

И толку во врска со моменталната состојба. Сепак прашањето е дали онлајн наставата е добра и кои се бенефитите од неа. Еве неколку предности:

  • Флексибилност во наставата – Вие можете да го изберете времето, па дури и местото од каде ќе се вклучите.
  • Штедите време и пари. Доколку живеете подалеку го намалувате трошокот за превоз и губење непотребно време.
  • Можност за користење на интернет материјали во секое време.
  • Учениците учат 5 пати повеќе преку онлајн учење. (сепак ова е индивидуално, кој сака да учи и да се надоградува може да го стори тоа и на лична основа)
  • Онлајн учењето бара помалку инвестирање во времето потребно за посета на часови.

И многумина ќе кажат а што со најмладите? Што со I одд. (ЧИТАЈ – ЗАБАВИШТЕ)? Зарем не може во интерес на здравјето, во интерес на најмалите, нивните родители, баби и дедовци децата да си останат дома? Па не мора ниту онлајн, и така им е одземено детството. И така повеќе стрес ќе доживеат со МАСКИ во училишните клупи кога нема да знаат како да се однесуваат, како да се дружат. Кога ќе им бидат забранети многу работи. Зарем тоа е социјализација? Зарем тоа е она што им е потребно на децата?

Како и да е ова е само едно обично размислување.. Едно обично доловување на моменталната состојба гледана од еден прост народски агол …

пишува: едукатор во “Левел онлајн јазичен центар”

facebook: https://www.facebook.com/level.centar.kumanovo/