5 НАЈЧЕСТИ ФРАЗИ ВО ФРАНЦУСКИОТ ЈАЗИК

  1. Ça va ? 

„Како си?“ е една од начестите фрази што ќе ја слушнете веднаш по стандардното Bonjour – Добар ден.

Интересно е тоа што најчестиот одговор на оваа прашање е и самото „Ça va!“ надополнето со „bien, merci“. 

            Ça va ?  – Како си?

             Ça va bien, merci! – Добро сум, благодарам.

2. Comment allez-vous?

„Како сте?“ е поформален израз од Ça va? И најчесто се употребува во разговор со луѓе кои и не ви се баш блиски.  

3. S’il vous plait !

„Ве молам“ е израз кој најчесто се користи на крајот од реченицата и служи за да замолиме некој за некаква услуга или пак нарачувате нешто во ресторан. Соодветен англиски термин е „please“.

4. Excusez-moi

„Извинете“ Доколку некој стои пред вас, а вие треба де поминете, со овој израз го повикувате да се тргне настрана. Или доколку сакате да привлечете нечие внимание и притоа да прашате за насока, на овој начин започнувате љубезен разговор.

На англиски би рекле, „Excuse-me“.

5. Parlez-vous anglais?

„Дали зборувате англиски?“ или „Do you speak English?“ е фраза што ќе ви користи доколку единствени зборови што ги разбирате се „oui“ – да и „non“ – не. Но, бидете внимателни бидејќи фрнацузите не сакаат баш да зборуваат на англиски.

Доколку сакате да го изучувате францускиот јазик обратете се во нашите ЕДУКО ЦЕНТРИ:

МЕРИЛЕНД ЦЕНТАР СКОПЈЕ

071/351-473

https://www.facebook.com/merrylandlanguageschool

ЛЕВЕЛ ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР

https://www.facebook.com/level.educo.centar