WELCOME TO GREAT BRITAIN

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Дали постои разлика помеѓу Велика Британија и Соединетото Кралство ?

Британските острови се група на острови на северо-западниот брег на Европа. Најголем од сите острови кои ги има повеќе од 6000 е Велика Британија. По големина веднаш по Британија е островот Ирска.

На почетокот името било користено само за островот се до соединувањето на Англија и Шкотска во Кралство Велика Британија. Подоцна во Кралството Велика Британија потпаѓа и Велс. Како и да е во текот на историјата и годините од името на островот зборот Велика Британија добива пошироко значење. Знамето на Велика Британија е комбинација од знамињата на трите држави кои ја сочинуваат: Англија, Шкотска и Ирска.

Денеска освен име на островот кој скратено се вика само Британија укажува и на дел од Соединетото Кралство. Како што спомнавме, Англија, Велс и Шкотска се нарекуваат Велика Британија. А Соединетото Кралство (UK – United Kingdom) е составено од Велика Британија (Англија, Велс и Шкотска) и Северна Ирска. Постои и посебен дел од островот Ирска, а тоа е јужниот дел кој се нарекува Република Ирска и е суверена држава.

Значи добро разбравте! Под знамето на Соединетото Кралство се наоѓаат Велика Британија и Северна Ирска, а со името Велика Британија се именува и најголемиот остров. Земјите се со богата култура, уметност но и историја. Изобилуваат со волшебна природа која плени на прв поглед.

Нашите натписи за земјите од Соединетото Кралство ги започуваме токму со овој текст во кој ќе ве запознаеме општо со сите 4 земји кои го сочинуваат кралството.

АНГЛИЈА

Англија е земја во која владее кралицата, земја на познатиот часовник Биг Бен, Лондонското Око, Реката Темза и познатите двокатни автобуси. Веруваме сите сте слушнале за *англискиот чај*. Тоа е времето околу 5 часот попладне кое сите англичани го користат за чај и ужина, најчесто колачиња. Сигурно сите сте слушнале за Робин Худ кој им помагал на сиромашните. Уште една позната личност и познат писател Вилијам Шекспир и неговите театарски дела, а во некои од нив глумел и самиот Шекспир.

Познато туристичко место е Стоунхенџ подигнато околу 1600 година пред нова ера, а составен од камени блокови кои формираат круг.

Најголемиот град во Англија, а воедно и главен град е Лондон. Тој е главен град и на Велика Британија. Во Лондон се наоѓа и Бекингамската палата. Палатата во која престојува кралицата.

ВЕЛС

Главен град на Велс е Кардиф, а има помала површина дури и од Македонија. Освен што го зборуваат англискиот како службен јазик зборуваат и велшки. Меѓутоа не сите го зборуваат велшкиот јазик, дури само 20% од населението го познааваат мајчиниот јазик.

ШКОТСКА

Главен град на Шкотска е Единбург. Единбург е познат по многуте замоци. Еден од националните симболи на оваа земја е гајдата.

Во минатото сите битки започнувале со гајдата, а и сите свечености. Мажите носат карирано здолниште кое е дел од шкотската народна носија, а се вика килт. Веруваме дека сите сте слушнале за чудовиштето од Лок Нес. Многу луѓе велат дека го виделе чудовиштето Неси, меѓутоа не постојат докази за тоа.

СЕВЕРНА ИРСКА

Главен град на Ирска е Белфаст. И Северна Ирска е позната по многуте замоци, меѓутоа и по најубавата и најживописна природа во кралството. Позната е и по развиениот риболовен туризам на многуте реки и езера.

Бобан Ѓорѓиевски – Левел Центар

фб: https://www.facebook.com/level.centar.kumanovo/

instagram: https://www.instagram.com/level_online.classroom/